Leitmotif во живо на Канал 103

Недела, 2 март. 22 часот

:::

Во најновото издание на радио серијалот Ако никој не свири… во глувата соба на Канал 103 концерт ќе одржи младиот скопски состав Leitmotif.

Со „километража“ од само неколку месеци зад себе, Leitmotif се наметнаа како миленици на независната сцена, најмногу благодарејќи на силнотo дебитантско издание „Luminescence“, реализирано во соработка со Gorilla 92 Records. Тие создаваат долги и внимателно структурирани композиции, кои пловат низ различни атмосфери и мноштво на жанрови, како пост-рок и шугејз, со помалку евидентни траги на блек метал и хардкор панк.
Leitmotif е во состав: Предраг Младеновски (гитара), Благоја Камчевски (бас) и Благој Дамјановски (тапани, вокал).
Тон мајстор на концертот ќе биде Ненад Трифуновски.
Програмата може да се следи и онлајн
Leitmotif @ Kanal 103 - Poster na Filip Bukrshliev
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.