Концертна промоција на К.Н.Н.Т. – Нежно EP [Шарла EP Клуб CD005]

Овој петок, 13ти, на домашен терен, во просториите на Кула, во 21:00, К.Н.Н.Т.  концертно ќе го промовираат своето ,,Нежно EP’’.

По „Деца во длабоко“ на Пиколомини, „Свети Никола Тесла“ на Коридор 10, „Музика за неснимен краткометражен филм“ на Mammoth & Jashem и „EP I AM“ на Sweet Rapscallions, петтото издание на Шарла, „Нежно EP“ на К.Н.Н.Т., е првиот комплетен продукциски зафат на издавачката куќа, од студио, до концерт. Материјалот за изданието е снимен во студиото Кларион, а за миксот и мастерингот се погрижи Дејан Ангелевски.

,,Клуб на невоспитани трудници’’, или К.Н.Н.Т., се Марко Јанев на тапани и вокал и Иван Трајчев на синтисајзери и вокал. Од Шарла велат:

„Затоа што се неодоливо неодговорни кога ни испорачуваат сложени музички равенки што се свират со муда, слушаат со мозок, а се решаваат со срце. (Се збори дека ако си Бог, хаосот ти е космос.). А тие се двајца. Марко Јанев и Иван Трајчев (тапани и сајзер), млади уметници од екипата од ,,ателињата’’ во Стара чаршија, сега позиционирани во Кула. Речиси нереални ликови, веројатно избегани од некоја од книгите на Хантер С. Томпсон и пуштени да роварат по скопските улици како би го растуриле балансот помеѓу редот и нередот во корист на ова второво. Од љубов, јасно.“

,,Нежно EP’’ е првото официјално издание на К.Н.Н.Т. и содржи 6 песни кои момците од Шарла ги најавуваат како 19-минутна антипоп диверзија, контра сè и сите познати и непознати музички форми и канони каква што одамна и недостасуваше на скопската underground сцена. Радикално склопен patchwork од неправилни ритмови и сајзерски рифови.

Новото независно урбано катче на градот, Кула, овој петок ќе дише во ритамот на „Нежно EP“. Бидете таму!

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.