Концерт на Mnemonic45 во Планетариум, МКЦ

На 11 јуни 2014, со почеток од 21.00 часот, во скопскиот Планетариум концерт ќе одржи Мnemonic45. Станува збор за несекојдневен, уникатен аудиовизуелен перформанс. Безгравитциско лебдење со звучните пејсажи на Mnemonic45 е насловот на овој настан, кој визуелно ќе биде проследен со планетариумска презентација. Билетите за концертот се во ограничен број и се достапни (по симболична цена) на касата на Младинскиот Културен Центар – Скопје, во чиј состав се наоѓа и самиот Планетариум.

По концертот, вечерта продолжува во клубот Ла Кања (Стара чаршија), каде од 22.00 часот е закажана промоција на албумот на Mnemonic45Live at Radio Kanal 103. Материјалот е снимен во живо на Канал 103, во емисијата „Ако никој не свири…“, на 20 октомври минатата година. Албумот е издаден самостојно, во ЦД-р формат и е во ограничена количина од 50 рачно изработени примероци, секое со уникатна фотографија и дизајн. На фотографиите се наоѓаат дел од локациите на кои е снимен звучниот материјал во својата изворна форма.

*******

Зад проектот Mnemonic45 стои Гоце Глигуровски кој живее и твори во Битола. Своите први музички истражувања ги започнува пред 10 години и досега има акумулирано сериозен багаж на музичко знаење. Создава префинета амбиентална електронска музика, која се темели на неговите постојани истражувања на звуците на природата и експериментирањето со истите во дигитален контекст.

 

Mnemonic45 - Live at Radio Kanal 103 - handmade 1

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.