ДРАГАН БЈЕЛОГРЛИЌ – УНИВЕРЗАЛЕН КВАЛИТЕТ ПОСЕДУВАМЕ СИТЕ, СЕКАДЕ

„Во минатото, домашната кинематографија создаваше филмови кои ги интересираа и старите и младите и до пред некоја година, српските филмови беа многу попопуларни од странските. Но транзицијата, како да предодреди ние Србите, вие Македонците и Хрватите да не правиме наши филмови, туку да гледаме американски“. – Истакна режисерот Драган Бјелогрлиќ на премиерата на српскиот филм „Монтевидео, се гледаме“, во Скопје.

„Ние балканците не сме создадени да правиме мерцедеси. Нас не измислиле за да ги правиме шрафовите за мерцедеси , кои ги склопуваат во Германија. Но тоа не треба да не носи во очај. На жалост, живееме во овој неправеден период, во кој треба да веруваме во себе и да прифатиме дека не сме лоши во споредба со нив. Затоа што универзалниот квалитет поседуваме сите, секаде.“ – охрабрува режисерот на филмот кој зборува за учеството на Југословенската фудбалска репрезентација на првото официјално Светско првенство во Уругвај во 1930 та година. Инспириран е од вистинска приказна, за историскиот успех на домашниот спорт во Југославија, како продолжение на првиот дел „Монтевидео, бог те видео“,во кој се опишани ситуациите кои му претходеле на мундијалот.

draganbjelo

„Кој и да прави филм, ќе се соочи со проблеми. Денес се е проблем. Кога во една мала земја се занимавате со скапа уметност и притоа конкуренција ви се нелојалните серии од богатите земји како Турција и Индија, кои се најефтини, поедноставно е да се гледаат лесни содржини, отколку да се потрудите да создадете нешто суштинско. Но, што ќе се случи ако сите запираме на пречки. Замислете да прашаме некој што се бави со економија или не дај боже рудар за проблемите. Сите живееме со проблеми, но зошто да зборуваме за нив”– вели Бјелогрлиќ.

Легендарниот српски глумец и режисер, истакна дека одамна сакал да направи малку подолга приказна, различна од оние кои сме навикнати да ги гледаме не само на Балканските простори, туку и во Источна Европа. „Монтевидео, се гледаме“, раскажува за разочарувањата во светскиот фудбал, за патот до славата и вечното пријателство – спомени кои траат цел живот. Патувањето до колевката на фудбалскат игра и тамошното искуство, ќе го променат животот на фудбалската екипа. Филмот не потсетува на вистинските вредности кои во денешниот професионален спорт ретко може да се видат.

Како да создадовме некое непишано правило на Балканот. Се прават филмови за патење, за тага, за човечко, зло. Ја прикажуваме темната страна на животот и како да постои договор да не правиме филмови кои наликуваат на оние во богатите земји. Никогаш не се помирив со тој пристап и ветив дека ако некогаш режирам филм, тој ќе биде за убави и топли човечки емоции. И успеав. Направив таков филм, во два дела.

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.