Филмски Бутик #2: The 90s

Недела, 17-ти ноември – во инспиративниот кафе-бар Concept 37 на Рузвелтова 37, Skopje Casual и Tiiiit! Inc. ни го претставуваат – Филмски Бутик #2: The 90s – извонредна селекција на филмови од 90-тите.

Не би требало да има подобро огранизирана недела, од неделата помината на новногодишниот дочек на 1981, со звукот на независната музичка продавница која се бори за да не стане дел од ланецот на друга музичка продавница, во друштво на двајца ситни крадци со скратено работно време и на најпопуларните девојки од училиштето во Беверли Хилс.

Програмата започнува во 13 часот. Ви го претставуваме филмскиот распоред:

13:00 200 Cigarettes – 1999
(Kevin: Did you know that cigarettes are a shield against meaningful interaction with people?)

14:50 Empire Records – 1995
(Debra: I went to rock and roll heaven, and I wasn’t on the guest list.)

16:40 Pulp Fiction – 1994
(The Wolf: That’s thirty minutes away. I’ll be there in ten.)

19:15 Clueless – 1995
(Cher: He does dress better than I do, what would I bring to the relationship?
Christian: Do you like Billie Holiday?
Cher: I love him).

21:00 Забава!
(Една од организаторките: Clerks II е подобар од Clerks I и затоа Film Boutique #2 ќе биде најдобар досега).

Добро организирана недела, е знак за извонредна седмица.

 

200cigarettes

 

clueless

 

empirerecords

 

pulpfiction

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.