Фенер – Меѓународен фестивал за куклен театар

Овој викенд, 29 ноември – 1 декември, ќе се одржи вториот по ред Меѓународен фестивал за куклен театар – Фенер. Фестивал посветен на радоста на децата. Најавени се две прекрасни куклени претстави од далеку и една од домашна продукција. Во текот на трите фестивалски дена, од 16.30 до 18.30 часот, ќе бидат поставени и детски креативни работилници, во фоајето на МНТ – Театар Ценатар. На овие работилници ќе се изработуваат фенерчиња, маски и костими од хартија.

Фестивалот ќе биде отворен со премиерата на домашната куклена претстава „ Палечка,Малечка “, во продукција на Буден Театар, Македонија. Претставата е авторски проект на Милиана Ленак, а инспирирана е од  Андерсеновата бајка „Палечка“. Замислено е истата да се одвива како интерактивна прошетка низ различните пунктови за игра, поставени во топлиот амбиент на Менада и Гем Клубот, во Старата скопска чаршија. Со оглед на ограничениот капацитет на публика, „Палечка, Малечка“ ќе се одигра два пати, еднаш со почеток од 17.00, и втор пат со почеток од 19.00 часот.

Претставата на Државниот куклен театар од Варна, „Приказна за дрвото што пее“, ќе се одигра на 30 ноември, на сцената на МНТ – Театар Центар, со почеток од 18.30ч. Ден потоа, во истото време и на истата сцена, со своја претстава и театарот Штурец од Унгарија. „Копче“ е слободна адаптација на книгата „Господин Малечок“, од Едме Канар.

И како за крај, необична прошетка кон кејот на Вардар. Децата ќе ја осветлуваат патеката со фенерчиња кои самите ќе ги создадат на работилниците. За да биде прошетката уште поволшебна, постојано ќе бидат придружувани од звуците на хармониката на Јордан Костов.

Со светлина, музика и насмевки кон кејот на реката Вардар. Да мечтаеме со Фенер…

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.