ЕХО – Денови на планински филм

Да се комуницира со природата. Да се спознае природата. Да се инспирираме од неа. Да се вљубиме во неа. Ајде! На 4-тото издание на ЕХО – Денови на планискиот филм.

Вистинскиот филмски избор е направен: патешествија, искрени приказни, алпинистички искачувања, акробатски летања со параглајдери, урбани средини, планински белини, медитација во кајак на диви води, планиски пејзажи.

Да го запознаеме Дејв Меклауд, еден од најдобрите качувачи во светот, познат по својата псоветеност и фокусираност во тренингот, по дисциплината, трудот и желбата да се успее и во тоа што е наизглед невозможно. Да патуваме низ амазонските џунгли со Лео Холдинг, Шон Лири и Џејсон Пиклс, поминувајќи воени контролни точки, тајни пристаништа и експериментални, визуелни и дури зашеметувачки авантури. Да научиме за достапноста на пестициди во високи концентрации за нивната злоупотреба која доведува до брзо исчезнување на заштитените некрофагни видови птици во Македонија. Да видиме што може да спои седум храбри возачи на велосипеди, кои заедно тргнуваат на патување од сите страни на Земјата и стасуваат до едно место на крајот на светот. Да откриеме повеќе за најдлабоката јама во Македонија, чиј отвор е откриен во текот на една од многуте македонско-словачки експедиции. Не би можеле да останеме рамнодушни.

Тимот на  Ехо: Игор Талевски, Александар Зарапчиев, Елена Диновска, Методи Чилиманов, Весна Талевска, Виктор Хаџи Василев, Душица Диновска, Маја Мухиќ и Милан Анреев, Ве покануваат на овогодинешната средба со ехото од планините од целиот свет. Создадено низ авантури, тоа не’ инспирира, мотивира и поттикнува со уште поголем жар да ја сакаме природата, да се надминуваме и радуваме во неа, да креираме, пренесува и создаваме приказни.

ЕХО ве повикува и вие морате да дојдете! Ќе биде многу убаво! Многу убаво!

28-31 Октомври, 18-22 часот, МКЦ – кино Фросина.

Влез бесплатен

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.