EP I AM – деби EP на Sweet Rapscallions [Шарла CD 004]

Во петок, 11.04.2014, со почеток од 21.30 часот, во Ла Кања во Старата скопска чаршија ќе се одржи промоција на четвртото издание на Шарла EP Клубот, деби EP на Sweet Rapscallions – насловено EP I AM.

Неуморно трагајќи по нови музички имиња Шарла полека, но сигурно го трасира својот пат, презентирајќи ни’ автентични, несекојдневно спакувани, квалитетни домашни аудио записи. Тоа несомнено го потврдува и најновото поглавје во приказната, деби изданието на Sweet Rapscallions наречено EP I AM. Издавачите го најавуваат како крајно современ музички став:

Модерно стилизиран арт-поп звук во чиј ДНК ќе најдете траги од францускиот поп од 60-те, или британската прогресвина сцена од почетокот на 80-те години на минатиот век, сместени во автентично мрачен, речиси индустриски амбиент и сугестивен вокал кој суптилно ,,жуља’’ мозок колку да ве потсети дека нешто е патолошки погрешно во Светот околу нас. Или можеби не е, тој станал дистописки совршен, а ние јужначки тупави и неприлагодени, налик на оние несреќници позади оградите во мрачните визии на Хаксли.
Како и да е, оваа музика го носи духот на Светот и времето денес и тоа како глобализациски прилог директно од малата  романтична Битола, заспана некаде длабоко на европскиот југ.

Бендот Sweet Rapscallions е музички огранок на арт колективот Колегиум, составен од група млади луѓе кои делуваат на маргините на битолската сцена, во обид да креираат автономен и функционален простор/полусвет налик на сличните уметнички проекти на авангардата од 20-от век. Креативци и сонувачи од различни профили обединети со јасна цел, да се чувствуваат возвишено добро во својот град, а како организатори на „Фестивалот за 300 работи“ да направат и другите да стигнат „таму“. Од Шарла велат, дека дел од членовите на Sweet Rapscallions ни’ се веќе познати:

Тројца од нив се членови на 3 Minutes in the Rain, состав кој ги собра симпатиите на музичките фанови минатата декада. Ритам секцијата и продуцентот на овој бенд, појачани со неколку локални музичари го потпишаа деби изданието кое можеби спонтано, но по својот музички сензибилитет крајно логично завршува во  нашата прегратка.

Како идеолошка предлошка на изданието, момците и девојките од Sweet Rapscallions го нудат својот идентификациски модел, т.н. епием:

Епиемот може да биде уметник, автор на дела, материјална и нематеријална алатка, прочистувач на идентитети, разлика помеѓу делото и човекот. Епиемот не е алтер его, индивидуа, личност, маска, лик, псевдоним, дигитален профил. Епиемите живеат во нивното царство.

Затоа, повелете во царството на епиемите!

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.