Culture Development во живо на Стотројка

Недела, 27 октомври, 22 часот.

Во најновото продолжение на радио серијалот Ако никој не свири.. во живо на Стотројка, оваа недела во глувата соба на Канал 103 ќе свири младиот скопски бенд Culture Development.

Culture Development постојат од декември 2011-та година. Членови на бендот се Алек Костенаров (вокал; бас гитара), Александар Макаловски (гитара; вокал) и Стефан Дојчиновски (тапани). После неколку месеци активно вежбање, бендот го снима своето прво демо и го има својот прв настап. Минатата година се појави нивниот деби албум „The 3 of us“, издание на „Направи Заедно“. Во меѓувреме бендот стекна солидно концертно искуство и ја имаше својата прва турнеја надвор од границите. На овој нивни втор настап во Стотројка, кој доаѓа веднаш по успешните настапи во Белград и Краљево каде свиреа заедно со Bernays Propaganda, ќе го промовираат нивниот втор албум „You, Me And Nobody Else“. Албумот веќе од понеделник ќе биде достапен за бесплатно слушање и симнување на  bandcamp-от на Направи заедно. Официјалната концертната промоција ќе се случи на 31 октомври во бифето на Кино Фросина во Младинскиот Културен Центар.

Тон мајстор на концертот ќе биде Ненад Трифуновски, а истиот ќе може да се следи и онлајн преку веб страницата на Канал 103.

Во прилог и видео од нивниот минатогодишен настап:

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.