Carnage Dominion во живо на Канал 103

Недела, 22 јуни. 22 часот

Во најновото издание на радио серијалот Ако никој не свири… во глувата соба на Канал 103 концерт ќе одржи скопскиот метал бенд Carnage Dominion.

Овој состав постои од 2008 година и зад себе има скромна дискографија од  два самостојно издадени синглови. Жанровски покриваат повеќе стилови од спектарот на т.н. „екстремен метал“, со примеси на хардкор, притоа добивајќи звук кој ќе ги задоволи апетитите и на најпребирливите љубители на гитарската музика. Со овој концерт Carnage Dominion го консолидираат материјалот кој ќе се најде на нивното деби LP кое го подготвуваат во моментов.

Carnage Dominion ќе настапат во состав: Петар Спасовски (гитара), Игор Таневски (гитара), Мартин Цветковски (бас/вокал) и Стефан Миладиновски (тапани).

Тон мајстор на концертот ќе биде Иван Јамандиловски.

Програмата може да се следи и онлајн, на www.kanal103.com.mk.

 

Oficijalen plakat

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.