Борбата продолжува – Лоши деца го отвараат Таксират 15

Жица: Чест е да свириш со The Exploited, еден од врвните панк бендови од таа генерација.

Скопскиот панк бенд Лоши Деца, ќе ја има честа да го отвори 15-тото издание на Таксират, кое ќе се одржи на 28 декември (сабота), во Метрополис Арената во Скопје. Иако ги нема на официјалните плакати, сепак е сигурно – Лоши Деца – настапуваат на истата сцена сo култниот, британскиот, панк бенд The Exploited.

Панк составот Лоши Деца, постојат од 2001 година, а зад себе имаат два студиски албума: „Начин на живот“, 2003 година и „Борбата продолжува“, 2012 година. Бендот настапува во состав: Саво- бас гитара, Гоце- бубњеви, Чамил- гитара и Жица-вокал, кој воедно е и наш соговорник во ова кратко интервју:

Како стасавте до настап на Таксират 15?

До сароботка дојде по барање на „Пасворд Продукција“, да свириме заедно со култниот, британски, панк бенд The Exploited, a ние прифативме, иако скоро година дена немавме правено проба поради повреда на нашиот басист.

Што очекувате од настапот?

Очекуваме добра атмосфера и покрај тоа што концертот почнува рано, а ние настапуваме први. Сепак, тие што ќе бидат присутни ќе имаат можност да ја осетат нашата енергија и искреност и се разбира Борбата продолжува.

Имате 30 минути за настап. На што ќе обрнете внимание?

Ќе свириме песни од двата албума, а ќе ја отсвириме и песната „Незнајни Јунаци“, која би требало да се најде на нашот нов албум.

Кое е твоето мислење за панк движењето во Скопје и Македонија?

Искрено мислам дека панк движењето во Скопје и Македонија не е оган, туку пламенче, што значи дека опстојува и се бори за да ја пренесе пораката на работничката класа и неправилностите на системот.

За крај, една порака од тебе.

Слобода или смрт за Македонија и што поскоро да се освести македонскиот народ, односно работничката класа.

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.