ЦИНИК – Дискусија за антинационализмот на балканот

На 01. 02.2014 (сабота), со почеток од 18.00 часот, во кафе Менада, во Старата скопска чаршија ќе се одржи дискусија на тема „Антинационализмот на Балканот: теорија и практика“, во организација на ЦИНИК – центар за истражување на национализмот и културата.

На настанот ќе земат учество:

Чавдар Маринов, историчар и научен соработник во реномираната Ecole Française d’Athénes, автор на студијата Македонското прашање од 1944 до денес: комунизмот и национализмот на Балканот.

Ивана Драгшиќ, Плоштад Слобода.

Миша Поповиќ, истражувач и активист.

Анастас Вангели, докторант при Високата школа за општествени истражувања, Полска Академија на науки, Варшава.

Модератор на дискусијата ќе биде Јован Близнаковски, истражувач на национализмот и идентитетските политики.

Целта на дискусијата е да овозможи размена на мислења и искуства поврзани со идејата за анти-национализмот на Балканот како сентимент, идеологија и/или движење. Учесниците ќе се осврнат на прашањата: Што претставува анти-национализмот во балканскиот контекст, а и во други контексти? Кои агенти типично го превземаат? Со кои политички идеологии анти-национализмот може да биде асоциран? Кои практики можат да бидат идентификувани како анти-националистички? Кои се сличностите и разликите во регионалните балкански национализми, односно во регионалните анти-националистички активности?

Настанот ќе биде искористен и за промоција на иницијативата Центар за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) од Скопје. Оттаму велат дека центарот е формиран со цел да понуди дополнителен интелектуален простор и експертиза во полето на студиите на национализмот, во општество каде ова поле се соочува со недостаток на научно внимание и институционална поддршка. Главната цел на центарот е да го разбере и објасни национализмот, да развие свесност за неговиот развој во балканскиот регион, неговите сложени односи со културата и неговото влијание врз балканските општества.

Со комбинација на политичките науки, антропологијата, историјата и социологијата како научни дисциплини, се стремиме кон разбирање на културата на национализмот во регионот и кон пренесување на нашите заклучоци во јавноста со цел подигање на свест за причините за феномените како стереотипи, предрасуди, омраза и дискриминација.

Оттука, велат од ЦИНИК, крајната цел е да се даде придонес кон создавањето на подемократски, толерантни и отворени општества во балканскиот регион.

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.