„Носталгија (том 1)“ – галерија на фотографии

„Враќањето на носталгијата, копнеењето за уште една непозната земја, стануваше особено силно во пролет.“

Владимир Набоков, „Мери“

Токму тоа и се случи на првиот меѓугенерациски настан од лежерен и лезетски формат, „Носталгија (том 1)“ – она што Набоков лесно го преточил во зборови.  Заедно со група драги луѓе, Skopje Wanders и Никулец, низ приказни и фотографии од детството и живот во Скопје, ги откриваа благотворните дејства на носталгијата, која буквално може да нé стопли и во ладните денови.

Фотограф: Радица Котарска
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.