Носталгија (том 1)

„Враќање на носталгијата, копнеењето за уште една непозната земја, стануваше особено силно во пролет.“

Владимир Набоков, „Мери“

Веројатно и ние, Skopje Wanders и Никулец, знаејќи го длабоко во нас она што Набоков лесно го преточил во зборови, дека желбата за истражување и носталгијата се взаемно поврзани, чувствувавме потреба да го создадеме првиот од серијата настани посветени на носталгијата. Можеби сето ова беше поттикнато од прворасцутениот јоргован оваа пролет кој за кратко нé врати во детството. Којзнае…novofoto

Носталгија (том 1) ќе биде меѓугенерациски настан од лежерен и лезетски формат во рамките на кој сите присутни ќе разменуваат приказни од своето детство, младост и живот во Скопје, како и приказни од детството, младоста и животот во Скопје на своите мајки и татковци, баби и дедовци. Размената ќе се одвива во лаф-муабет формат.

Критериуми за учество на настанот:

- присуство;
- љубопитност;
- да донесете барем три фотографии од вашите стари албуми како поддршка на размената на приказни;
- да си донесете нешто за пиење (опционално). 

Со желба да го засилиме чувството на изненадување (нешто како пред отворање на роденденски подарок), локацијата на настанот останува мистериозна засега. Кликнете тука за да се пријавите и локацијата ќе ви биде испратена најдоцна 3 дена пред настанот.

Настанот ќе се одржи на 29ти мај (недела) во Скопје од 18,00 часот.

Бидејќи неделите се за евоцирање спомени, а спомените најубаво се оживуваат со збор, придружете се на нашето колективно оживување спомени.

Skopje Wanders & Никулец
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.