Дистописки град инспириран од браќата Грим

Доколку подобро обрнеме внимание, би забележале дека скоро секоја градба во наша непосредна близина раскажува своја приказна. Секоја има своја нарација за своето потекло, како и за причината поради која била изградена.

Архитектот Томас Хилиер, заедно со својот партнер Паскал Бронер,го основале архитектонско студио „FleaFolly“ во Лондон, со цел да ја истражат улогата на нарацијата во архитектурата. Двајцата професори по архитектура, одржале интензивен летен курс во нивното ателје во планиската куќа во Шварцвалд, Германија, каде на седум нивни студенти им ја дале следната задача: „Доколку би можеле архитектонски да си ги замислите сказните на браќата Грим, како тие би изгледале“? Тоа било чудно и тешко прашање и за Хилиер и Бронер. Но, по пет недели студентите се појавиле со вретеновиден, рачно изработен модел на Судниот Ден, основан на ликовите и приказните на браќата Грим.

На крајот, градот беше поставен во дистописка средина каде алчноста и мегаломанијата се распослани на сите страни.

Комплексно деталниот дрвен модел (со ширина од 1 метар и со должина од 3 метри), претставувал архитектонска интерпретација на повеќе од 50 приказни од браќата Грим. Структурата на градот Грим била направена од 300 епрувети, исполнети со ситни предмети како зрна кафе, зрна грав, ореви и штрафчиња. Секој студент имал за задача да „прочешла“ по 10 класични приказни, откивајќи ги главните карактери и темите кои би можеле некако да се претворат во карактери од Градот Грим.

На крајот, градот беше поставен во дистописка средина каде алчноста и мегаломанијата се распослани на сите страни.
Но, транслацијата на книгата во град не е буквална. Бронер вели: „Доколку го барате Рамплстилскин, никогаш нема да го најдете. Ликовите и приказните се всушност апстрахирани до тој степен што се одвај препознатливи“.

Голем број од делата на архитектонското студио „FleaFolly“, се повеќе вкоренети во фантастиката, отколку во практиката. Тие ја согледуваат имагинацијата и раскажувањето како интегриран дел во создавањето на трајни градби. Хилиер вели: „Нашата работа е да дизјанирами издржливи градби кои би траеле со децении и векови, па затоа секогаш е битно да размислуваме за што градбите ќе се користат и во кој правец ќе се развива идната архитектура. Најдобриот начин да го направиме тоа е преку разкажување на приказни“.

Градот Грим, во моментот е поставен во Лондонскиот Музеј за Дизајн.

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.