Македонскиот викенд на Канал 103

Изминатиов викенд на Канал 103 се славеше македонската музика. Музичките соработници на радиото избраа албум и песна за 2013 година. Следењето на програмата беше вистинско уживање. Викендот започна со преглед на досегашните избори, од 2005 наваму и продолжи со одлично сработениот портрет на Драган Ѓаконовски – Шпато. Александар Гавровски ни го презентираше ликот и делото на овој маестрален музичар на начин кој никого не остави рамнодушен. Следеа интервјуа со Владан Дробицки oд Sethstat Jazz, Дени Крстев од Fonija и Тина Горовска oд Bernays Propaganda. Нешто по 20.00 часот започнаа и Македонските „Пулсирања“. Тричасовна програма во која Александар Сандревски разговараше со своите гости на тема македонска музика, заокружувајќи го со тоа првиот ден од Македонскиот викенд на Канал 103.

Денот на прогласувањето стартуваше со интервју со Ненад Тонкин – bei the fish / mamooth & jashem, за да продолжи со интервју и преслушување на бендовите кои во 2013 ги продуцирал Ивица Јанкуловски- Штраф. Позитивна енергија се ширеше постојано од брановите на Канал 103. Гостуваа и ЛД Пистолеро и Лепи Џони, Мирко Попов Pmg recordings, Сеат Хаџиќ – Сецко, Горан Трајковски и Мухамед Ибрахими. Околу 18.00 часот започна одбројувањето на најдобрите 20 синглови за 2013 година. Нумерата „Среќа“ на Лепи Џони се најде на врвот на оваа листа. За Македонски албум на годината, музичките соработници на Канал 103 го изгласаа „Забранета планета“ на Bernays Propaganda.

Топ 20 песни за 2013 според Канал 103:

1. Lepi Xhoni – Среќа
2. Пиколомини – Деца во длабоко
3. ХАХАХА – Сакам дома да живеам
4. Bernays Propaganda – Погрешно знаме
5. Galatheia – На сон
6. Kanton6 – Скопските атентатори
7. Kanton6 – ТВ дневник
8. Bernays Propaganda – Бар култура
9. Фонија – Мојот пекол
10. Милко – Поглед
11. PMG Kolektiv – By This River
12. Коридор 10 – Поп во диско
13. Mooger Fooger – ­ Биволфест
14. Александар Пејовски – Portrait of Biljana Trimcevska
15. Ice Soul Combo – Ice Soul Combo
16. KristKrst – I Found Myself (Methadorfosis)
17. Bernays Propaganda – Чувај се од тие што те чуваат
18. Mooger Fooger – Роб-инка
19. Millko – Како си стари
20. Bernays Propaganda – Леб и игри

Топ 10 албуми за 2013 според Канал 103:

1. Bernays Propaganda – Забранета планета
2. Милко – Луѓе
3. Lepi Xhoni – Песни
4. Фонија – Мојот пекол
5. Кантон 6 – Деца на МРТВ
6. Мугер Фугер – 13/13
7. Sethstet – Pettite Cinematique
7. SIZ – Wake Up!
9. VA – Underground Glamoure
10. Fighting Windmills – Рапсодии во празно

По прогласувањето, со задоволство го преслушавме во целост албумот „Забранета планета“ и за момент како да се телепортиравме пред кружната бина во МКЦ, каде бендот направи историски концерт на почетокот на 2013. По моќниот звук на Bernays Propaganda, како вистинска јаготка на шлагот, со нетрпение го очекувавме настапот во живо на Conquering Lion, добрите и весели људи од Тетово кои го промовираа своето последно издание „Revelation“. Првата емисија годинава од радио серијалот Ако никој не свири, во живо на Стотројка, беше воедно и последната емисија која го затвори Македонскиот викенд на Канал 103.

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.