Лузер Фест 2015 – галерија на фотографии

Едно од најголемите задоволства на Таксират Фестивал годинава дефинитивно дојде со огромниот број на пријавени бендови за годинашното издание на „Лузер Фест“!

Десетте финалисти на „Лузер Фест“: АСТЕРОИД, BROOKA BAND, ВИЗИЈА, GARGOYLES, EX YOU, KEPURDHAT, METANOIA, PLUTO’S DOUBTS, ПРЕСЕН ЗРАК, ПУЛС ЕКИПА.

Победници на Лузер Фест 2015, се PLUTO’S DOUBTS! За победата велат: „Stay tuned for much more, многу не мотивиравте“.

PLUTO'S DOUBTS

Групата „Pluto’s Doubts“ е оформена во мај 2015 од Симон Пеоски, Горјан Стојменовски, Марио Симоновски, Лука Ѓоргиевски и Дарко Поповски. Сите членови претходно фигурираат на младата музичка сцена во Македонија со авторска музика и како дел од различни бендови. Во моментов екипата на овој бенд се стреми кон издавање на нивниот прв албум.

АСТЕРОИД

„Астероид“ е млад бенд од Скопје формиран кон крајот на 2013. година, кој во моментов е насочен кон изработка на својот прв албум. Групата својот звук го дефинира како алтернативен и е фузија од психоделичен рок, фанк, пост-рок и експериментална музика.

ВИЗИЈА

„Визија“ е алтернативен рок бенд од Скопје основан во ноември, 2011. Меѓу најзначајните настапи на бендот може да се издвојат: Таксират Пин Конференција, Заечарска Гитаријада (Србија), Јелен Демофест (БиХ), Миксер (Србија), Lake Fest (Црна Гора), Т’к – Так Фест – Кавадарци, Пиволенд, Рок Фест, Rock the borders (Бугарија). Групата доби и одлични критики од американското радио „WMBR“ и британскиот музички сајт „Emerging Indie Bands“ кој на нивната листа од 90 најдобри нови бендови за 2014, ја постави Визија на седмото место.

BROOKA BAND

Овој бенд е комбинација на искусни и докажани, со млади, надежни и просперитетни музичари, кои за краткото време на постоење имаат неколку настапи од кои би ги издвоиле Боб Марли Роденден 2015, Коноп фест Скопје 2015, Пиволенд 2014 и 2015, Јелен демо фест 2015 (Бања Лука), Д фестивал Дојран 2015, Рајз енд Шајн реге фест Штип 2015, АЛО фест Охрид 2015 и други.

METANOIA

„Metanoia“ е прогресивен метал бенд од Скопје оформен во 2015 година. Звукот на Metanoia се одликува со длабоки, дисторзирани и ритмички сложени гитари поткрепени со моќен бас, атмосферични клавијатури со индустриален шмек, „груви“ тапани со дупла бас педала и груби метал вокали, но и класични мелодични вокали. Цели кон специфичен пост-модерен/футуристичен звук и атмосфера, а текстовите се одликуваат со филозофска, психолошка и социолошка тематика, како и субјективни и чувствени теми.

GARGOYLES

„Gargoyles“ e бенд од Скопје составен од Мартин Георгиевски (Spewn, Instametal, Ex-The Lady Said No) на тапани и вокали, Стефан Смилјанвски (Daruma) на бас-гитара и вокали и Иво Павловски (Furioin, Stagnator) на гитара. Групата е формирана во 2013 година под влијание главно на Stoner/Doom и Black/Thrash метал.

ПРЕСЕН ЗРАК

„Пресен Зрак“ е група која постои од 2011 година и која веќе има околу 30 свои песни, кои досега членовите не биле во прилика да ги објават. Целта на овој бенд е за време на своите настапи барем со една од нивните песни да допрат до сечиј вкус, па оттаму и жанрот на бендот е неопределен поради широката архива на траки која ја сочинуваат песни создадени под различни музички влијанија и правци.

KEPURDHAT

„Kepurdhat“ (Кепурдат) е млада инди рок група од Тетово во која членуваат Шпетим Лутфиу (вокал), Флорим Шемшиу (соло гитара), Албер Ибиши (бас гитара) и Адмир Ибраими (тапани). Оваа млада група зад себе веќе го има и првиот успех во регионот, кој дојде со нивната победа на годинава одржаниот регионален музички натпревар „Converse Rubber Tracks“.

ПУЛС ЕКИПА

„Пулс Екипа“ е рап група која постои две години. Од почетокот до сега има претрпено измени во составот, па актуелниот состав брои тројца членови: ТриМ, ЛУ и Бокса. Во оваа група покрај стандарден рецитал и рап има и член кој не рецитира туку прави Beatbox, а тоа е односно Бокса. До сега имаат повеќе настапи низ Македонија. Нивна замисла и цел е преку стихови на групата да го искажат тоа што им е на ум, па преку музиката да го пренесат истото до слушателите, секако во ним својствениот стил.

 

Фотограф: Кочо Сотировски
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.