Уметноста на трејлерот

Трејлер – реклама, или пак известување за одреден филм, кој е следен за прикажување низ светските кина. Зборот трејлер (анг. trailer) се однесува на инсерти, кои на почетокот биле прикажувани на крајот од секој филм. Зборот сеуште останал ист, но неговата практика се променла бидејќи публиката мошне бргу ги напуштала кино салите по завршувањето на филмот. Трејлерите денес, се прикажуваат пред почетокот на филмот. Имаат голема популарност на интернет, со вкупна гледаност од околу 10 милијарди.

Ние ги одбравме нашите омилени трејлери. Не беше лесно донесена одлука, по анализа на изгледани 150 трејлери. Но, најдовме неколку одлични. Мал број од нив се можеби дури подобри и од самиот филм кој го рекламираат.

Вистината е: не можеме да судиме за филмот, според трејлерот. Кому му се допаднаа ретропродолженијата на оригиналната триологија Star Wars? Но, трејлерот за првиот дел од сагата, „Фантомска Закана“? Кит Џонсон, писателот на книгата „Наскоро: Филмски трејлери и Продажба на Холивудската Технологија“, вели дека во ноември, 1998 година, луѓето навалувале во кината само за да го гледаат трејлерот, а не филмот.

Погледнете го последниот, многу тешко направен избор на 5те најдобри трејлери, според филмските експерти од училиштето „Никулец“.

Мислите дека грешиме? Која е вашата листа на топ трејлери?

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.