Традиционални килими претворени во современи уметнички дела

Скулпторот Faig Ahmed креативно ги истражува орнаментите, шарите и традиционалните дизајни на азербејџански килими. Проучувајќи ги овие ориентални килими, одлучува да ја промени нивната конвенционална структура, менувајќи ги по слободен избор компонентите на традиционалната композиција и потоа комбинирајќи ги овие фрагменти со современата скулптурна форма. Еве како тој размислува:

Нашите сфаќања и одлуки произлегуваат од влијанијата од периодот на нашето детство. Кога би ги знаеле сите поединости од животот на луѓето, многу лесно би ги предвиделе нивните реакции, нивното однесување. Традицијата е главниот фактор во креирањето општество кое функционира како само-регулаторен систем.

Килимот е симбол на несовладливата традиција на Истокот, тој е визуелизација на една неуништлива икона. Во мојата уметност, на културата гледам поинаку. Ова е нешто повеќе од само очекување на реакција, бидејќи токму промената во начинот на гледање на работите е таа која го менува светот. Многу мали промени во формата на килимот драматично ја менуваат неговата структура, правејќи го можеби посоодветен на современото живеење. Источната култура е многу богата визуелно. Она што се обидувам да го направам е да ги минимизирам формите и рушејќи ги стереотипите на традицијата, да создадам нови современи граници. Човекот може да ги прошири границите и да ги промени, но никој не треба да се осмелува да го уништува духот.

FaigAhmed2-640x320

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.