Субкултурите низ објективот на Сикорски

Најновиот проект на полскиот фотограф Шимон Сикорски (Szymon Sikorski)  го третира човековиот стремеж за совршенство, низ призмата на модните белези на субкултурите. Еве што вели Сикорски за проектот:

Моето поле на интереси се фокусира на човечкото тело како субјект и објект во денешната популарна култура. Комерцијалниот свет поттикнува и провоцира кон рефлексија на проблемот на човековата појава – што е она што ги детерминира нормите и границите, и колку далеку може да одиме, стремејќи се кон естетска перфекција. Постои ли всушност таква перфекција, или се работи за фикција, за илузија, за недостижен комерцијален фалсификат? Прогонот на таквата перцепција предизвикува кон посегнување во модификации на човечкото тело, преку употребата на напредни алатки, кои варираат од Photoshop, па се до хируршки скалпел и понатамошни иновации од науката и технологијата.

 

Во овој проект ги истражував модните стилови на одредени субкултури, кои по мое мислење, се репрезентативни и важни елементи на популарната култура. Појавата на овие субкултури беше резултат на несогласувањата меѓу младите генерации и вкоренетите социјални и политички системи, предводени од духот на бунтовништвото и анархијата. Тоа донесе освежувачки изглед и ја инспирираше модната индустрија, која неминовно присвои нови форми на изразување.

 

Моите слики опишуваат нереални и вештачи создадени суштества, но сепак налик на човек, кои се инспирирани од карактеристични претставници на овие субкултури. Го симплифицирав присуството на таквите карактери, со тоа што се концентрирав на фризурите и обувките како важна одлика на секој стил. Овие креирани карактери беа создадени преку напредна дигитална манипулација, со цел да ја достигнат нивната реалистична и живописна појава, како и чувството на веродостојност.

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.