Скулптури од гранки кои наликуваат на птичји гнезда

Скулпторот Patrick Dougherty, комбинирајќи ги своите столарски вештини со љубовта кон природата, создал повеќе од 230 интересни тематски скулптури во изминатите 30 години. Од испреплетени млади фиданки, до масивни вители и форми кои потсетуваат на птичји гнезда.

Patrick Dougherty е роден 1945 година, во Оклахома и студирал историја на уметност и вајарство на Универзитетот во Северна Каролина. Во 80-тите години на минатиот век, почнал да ги проучува примитивните техники на градење и да екпериментира со гранчиња од дрвја како материјал за конструкција. Неговата работа мошне брзо еволуирала од единечни парчиња на утврдени поставки, до монументални грандиозни дела поставени во животната средина. Скулптурите може да се сретнат насекаде низ светот: Шкотска, Јапонија, Белгија и на многу места во Соединетите Американски Држави.

patrick-dougherty-62 (1) patrick-dougherty-82-640x426 (1) Stand By

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.