Скулптури целосно направени од дрвени боици

Вообичаено, моливите и дрвените боички се користат за пишување и цртање. Но, Jennifer Maestre ги користи за да создаде несекојдневни уметнички дела. Еве што вели таа за својата уметност:

Моите скулптури оригинално беа инспирирани од формата на морските ежови. Боцките на ежовите, толку опасни, а сепак убави, служат како експлицитно предупредување за контактот. Примамливата текстура на боцките го привлекува допирот без оглед на можните последици. Тензијата се разоткрива, чувствуваме потреба да продолжиме и да се повлечеме истовремено, желба и одбивност. Делчињата од моливите презентираат аспекти на остро и мазно, за две многу различни текстурални и естетски искуства.

Парадоксот и изненадувањето се интегрирани во мојот избор на материјали. Користам количини од индустриски произведени предмети, да создадам флексибилни форми кои потсетуваат на органски облици од животните и природата. Моливите се вообичаени предмети. Тука, овие анонимни предмети стануваат структурата. Навистина има кршливост во, понекогаш бруталниот аспект на скулптурите, ранливост прикриена од застрашувачката структура.

За да ги направам скулптурите земам стотици моливи, ги сечам на мали делови, бушам дупка во секое делче, сите ги острам и потоа ги спојувам. Декоративната техника на која најчесто се потпирам е пејот шиењето. Ме инспирираат животните, растенијата, уметноста на другите, Ernst Haeckel, Odilon Redon, митологијата. Всушност, не е лесно да специфицирате одредени извори на инспирација. Некогаш една скулптура ќе ја инспирира следната, или можеби ќе направам грешка и тоа ќе ме испрати во нова насока.

7 8 13 15 20 57mz2hq5v3-640x987 JenniferMaestre6-640x478pencil-sculptures-jennifer-maestre-03-640x437 pencil-sculptures-jennifer-maestre-05-640x426

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.