Скриена уметност низ улиците на Германија

Германското стрит-арт дуо Zebrating, се одлучи за еден поинаков агол на гледање во својата уметност – буквално. Нивните дела се нацртани на решетки од огради, мостови, капии, гаражи, а понекогаш на скали. Можат да се видат само од одреден агол. Уметноста е невидлива додека не застанете на вистинската точка од каде, ненадејно, делото излегува на виделина. Како минувате покрај него, сликите полека исчезнуваат и од спротивниот агол ништо не може да се забележи.

Zebrating велат дека сакаат да ги разведрат досадните урбани објекти во просторот:

Секогаш се толку сиви и досадни. Сакаме да ги развеселиме малку патувањата на луѓето. За да успееме, ни беа потребни малку математички познавања од тригонометријата и храброст за да го направиме тоа.

Zebrating оставија свои траги во повеќе градови, како Берлин, Хамбург и Штутгард, а дуото отпатува, во неколку наврати и до Париз, за и таму да ја прикаже својата страст кон уличното цртање. Делата се изработени со спреј и потребно им е околу половина час за создавање на едно.

Секој може во поминување да ја види нашата уметност, но начинот на кој ја создаваме, ја прави достапна само за луѓе кои шетаат наоколу со отворени очи.

За нашата уметност мора да ја промените точката на гледање и да се вратите неколку чекори назад, за вистински да ја видите.

hidden-german-street-art-zebrating-1-640x342 hidden-german-street-art-zebrating-2-640x410 hidden-german-street-art-zebrating-3-640x408 hidden-german-street-art-zebrating-4-640x410 hidden-german-street-art-zebrating-5-640x408 hidden-german-street-art-zebrating-6-640x408 hidden-german-street-art-zebrating-7-640x360 hidden-german-street-art-zebrating-12-640x479 hidden-german-street-art-zebrating-13-640x416 hidden-german-street-art-zebrating-14-640x480 hidden-german-street-art-zebrating-16-640x421 sestrichframe

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.