Шпански уметник ги преобразува класичните слики, отстранувајќи ги карактерите

Во серијата слики наречена „Mистериозни простори”, шпанскиот умeтник Jose Manuel Ballester  ги отстранува луѓето од класичните уметнички дела, откривајќи ги инаку можеби незабележаните, скриени простори (оттука и името) и објекти.

Комбинирајќи ги модерните технологии со класичната уметност, тој ја кани публиката да ги погледне овие ремек дела од еден нов агол и да ги реинтерпретира приказните за кои мисли дека веќе ги знае. Отстранувањето на карактерите креира различен ефект кај секоја слика – кај некои може да ги забележите трагите од трагедијата, или последиците на драмата во објектите оставени во позадина, додека останатите едноставно ве тераат да се запрашувате каде заминале сите. Секој новопронајден празен простор е отворен за интерпретации и откритија. Еве што вели авторот:

На прв поглед, целата серија може да делува хумористично. Но, ако погледнете подлабоко, не е тешко да се пронајде трансценденцијата и многукратните можни интерпретации, и тоа во две насоки – и како нови слики, и како поврзани со нивните оригинални изведби.

Еден од најјасните аспекти кај овие серии е начинот на кој може да ја разбереме уметноста, од гледна точка на секој период кој има уникатен начин на гледање и разбирање на реалноста, споделен од авторите кои ја развивале својата креативност согласно вредностите во овие периоди и се поврзувале со идеите и универзалните правила кои се протегаат низ времето.

Што се однесува до сериите, започнав да работам и на делата на Paul Strand, така што освен класичните слики сериите ќе се занимаваат и со фотографии.

Раѓањето на Венера (Сандро Ботичели, 1486 година)

Spanish-Artist-Classical-paintings-Characters-removed-Hidden-Spaces-Jose-Ballester-1

Сплавот на Медуза (Теодор Жерико, 1819 година)

Spanish-Artist-Classical-paintings-Characters-removed-Hidden-Spaces-Jose-Ballester-2

Spanish-Artist-Classical-paintings-Characters-removed-Hidden-Spaces-Jose-Ballester-3

 

Трети мај 1808 (Франциско Гоја, 1814 година)

Spanish-Artist-Classical-paintings-Characters-removed-Hidden-Spaces-Jose-Ballester-4

Spanish-Artist-Classical-paintings-Characters-removed-Hidden-Spaces-Jose-Ballester-5 

Последната вечера (Леонардо да Винчи, 1498 година)

Spanish-Artist-Classical-paintings-Characters-removed-Hidden-Spaces-Jose-Ballester-6

 

 Млади благороднички (Диего Веласкез, 1656 година)

Spanish-Artist-Classical-paintings-Characters-removed-Hidden-Spaces-Jose-Ballester-8

 

 Алегорија на сликарството (Јан Вермер, 1668 година)

Spanish-Artist-Classical-paintings-Characters-removed-Hidden-Spaces-Jose-Ballester-9

 

 Герника (Пабло Пикасо, 1937 година)

Spanish-Artist-Classical-paintings-Characters-removed-Hidden-Spaces-Jose-Ballester-0

Spanish-Artist-Classical-paintings-Characters-removed-Hidden-Spaces-Jose-Ballester-11

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.