Самоубиствен пакт на Бетмен и Џокер?

Бетмен и Џокер – отсекогаш биле две застрашувачки страни од една иста монета – херојот и негативецот заклучени во една митска борба која никогаш нема да заврши, освен во случај на смрт или пораз. Како што кажа Џокерот Хит Леџер во „Мрачниот Витез“ од 2008-та: „Имам чувство дека ни е судено вечно да го правиме ова“.

Но, што ако би се завршило? Како би изгледал финалниот, фатален судир помеѓу Принцот-Кловн на криминалот и Мрачниот Витез? Писателот Герадо Пресијадо и уметниот Даниел Бејлис се обидоа да го одговорат тоа прешање во 14-те страници од забавниот стрип „Договорот“ (анг. The Deal) – извонреден, но вознемирувачки поглед на взаемно завинсниот однос меѓу двата карактери и илузорната природа на приказните.

Стрипот содржи силно насилство, фантастичен уметнички допир на движењето, како и неочекувани цитати од делата на комедијантот Бил Хикс.
Прочитајте го  ТУКА.

kover

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.