Шаховските фигури – Оживеани!

Пронаоѓањето на шахот, една од најголемите стратешки игри во светот, во разни периоди се препишувало на разни народи. Терминот „шах-мат“, започнал како фраза на Персијанците – „ shāh māt “, што всушност значело „Кралот е беспомошен“.

Италијанскиот фотограф Франческо Ридолфи, решил да ги оживее шаховските фигури. Во својата исклучетелно имагинативна сесија на „Шаховски Портрети“, Ридолфи ја покажува двојноста на белите и црните фигури, според англискиот јазик поделени на: Крал, Кралица, Бискуп, Витез, Топ (односно, тврдина или кула која се користела при опсадите) и Пиун.

Ридолфи, подлабоко го објаснува значењето зад проектот:

„И покрај мојата лична поврзаност со играта, она што всушност го поттикна проектот беше можноста која шахот ја нуди за истражувањата на темните и светлите страни од човековата психа, низ спортивните фигури на Црни наспорти Бели“. Низ шесте различни фигури, шахот нуди серија на архетипски човечки особини и карактерни портрети“.

 

Шаховските фигури – Оживеани!
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.