Пикселирана уметност

Дали се сеќавате на денот кога за прв пат игравте видео игра на новото Нинтендо. Дали се сеќавате колку голема еволуција за технологијата и графиката претставуваше тој момент. За многумина од нас игрите  денес се само сеќавање, но не и за Адам Листер. Роден во Ферфекс, 1978 година, со неминлива љубов кон кубизмот и геометриските фигури, Листер  на многу интересен начин прави мешавина од апстрактни идеи и реалистични форми, со цел да ги поврзе играта и уметноста.

Комбинирајќи ја деконструираната и минимална естетика на видео графиката од старата школа со груба и нерамна текстура, која најчесто се гледа во акварелите, создава ангажирани визуелни композиции, на кои се прикажани познати уметнички дела и карактери од поп културата. Инспириран од 8-битната графка на Атари и Нинтендо конзолите, кои ги користел како дете, Листер го користи принципот на пикселирање на сликата како водич за неговите дела.

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.