Перфектно балансирани скулптури од камен

Неверојатни камени формации совршено балансирани и заглавени меѓусебно само со гравитација. Не е употребено ниту лепило, ниту било каков друг сврзувачки елемент. Michael Grab е човекот кој стои позади оваа извонредно убава, но и извонредно тешка уметност. Уметност која започнала како наивен експеримент. Еве што вели тој:

На површината од секој камен постои разноликост од длабнатини, од најситни, па сe’ до големи, кои може да се однесуваат како триногалки за каменот да стои исправен, или во повеќето ориентации може да размислувате земајќи ги во предвид и другите камења. Ако навистина обрнете внимание на чувството на допир на камењата, ќе почнете да ги чувствувате дури и најмалите кликнувања, како што засеците на камењата во контакт се движат еден преку друг.

 

Паралелно со физичкиот елемент на пронаоѓање на „триногалките“, најфундаменталниот не-физички елемент е потешко да се објасни со зборови. Накусо, овде мислам на медитација, на наоѓање нулта точка, односно тишина во самиот себе. Некои баланс состојби може да донесат значаен притисок за вашиот ум и трпение. Предизвикот е во надминувањето на секој сомнеж кој може да се појави.

 

Во текот на изминатите неколку години додека го практикував балансирањето со камења, едноставната љубопитност еволуираше во терапевтски ритуал, за на крајот да достигнам медитативна состојба, ментална благосостојба и имагинација за дизајн. Паралелно со уметноста, местењето на камењата во баланс стана и начин на укажување почит, покажување благодарност и поттикнување медитација. Преку манипулација со гравитационите нишки, античките камења станаа поетичен танц на формата и енергијата, раѓањето и смртта, совршеноста и имперфекцијата. На некој начин станаа рефлексија на нас самите: несигурно силни, мистериозни и кршливи.

 

Краткотрајната природа на балансот често охрабрува размислувања за не-поврзаноста, убавината, па дури и смртта. Едно од најубавите искуства во практикувањето баланс на камења е неговорниот дијалог меѓу камењата, природата која ме опкружува и мојот сопствен креативен набој. Неверојатно сензуално искуство е да ги почуствувате точките на баланс и да ги реализирате…

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.