Паркот Јокршир

Односот помеѓу уметноста и природата, отсекогаш бил еден од основните концепти во теоријата на уметност, а Yorkshire Sculpture Park оваа конекција, ја истражува со исклучителна брилијантност.

Поставен на 500 хектари во живописната англиска природа, посетителите ќе наидат на инспиративни скулптури, минувајќи низ имотот Бретон, од 18-от век. Опсегот на изложени дела е огромен, а паркот може да се пофали и со постоење на една од најолемите изложби на отворено со бронзи од Henry Moore. Секоја посета на овој парк нуди уникатно искуство. Со промената на годишните сезони, се менуваат изложбите, кои пак сами по себе се трансформираат во зависност од светлината, атмосферата, температурата.

Целта на овој парк е да им понуди на меѓународно признатите уметници, единствен простор каде ќе можат да ги промовираат своите дела, а во исто време да привлече различна публика од млади ентузијасти и почетници. Големата уметност е за секого. За разлика од други изложбени простори, овој парк претставува место за средба на цели семејства и страсни критичари, кои заедно можат да уживаат во природата и уметноста.

Паркот има освоено бројни награди за своите достигнувања во визуелната уметност, дизајн и туризам, и постојано се стреми да биде центар од меѓународно, национално и регионално значење, во производството, изложбата и признанието на модерната и современата скулптура.

Галеријата која можете да ја видите во продолжение, е само мал дел од она што природата во овој магичен парк го запознала низ годините.

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.