Отворена архива за интимно културно наследство со Skopje Wanders!

Фотографите се справуваат со нешта кои постојано исчезнуваат, со нешта кои кога ќе исчезнат, не постои механизам на земјата, кој може повторно да ги врати.

Henri Cartier-Bresson

Има нешто извонредно во анатомијата на градот. Како расфрлани бетонски вени во масивното урбано тело, улиците во себе ги носат највиталните компоненти на градот: неговите градби и неговиот народ.

skopjewanders

Skopje Wanders е посветено на сите вљубеници во љубопитноста и талкањето. Нуди содржини кои им помагаат и на туристите и на локалците да се впуштат во разговор со градот Скопје.

Отворена архива за интимно културно наследство со Skopje Wanders

Skopje Wanders го објавува првиот повик за фотографии кои ќе бидат вклучени во отворената архива за интимно културно наследство, во истоимената рубрика на страницата на Skopje Wanders.

Во првото поглавје на отворената архива, ќе се фокусираме на: постари фотографии направени во Скопје кои ви се драги, кои се лично ваши или се дел од вашата семејна митологија, кои се црно-бели (доколку не се, направете ги да бидат), на кои се прикажани (подзаборавени) места и активности од Скопје.

Вашите фотографски прилози и прашања (доколку имате), испраќајте ни ги на skopjewanders@gmail.com!

Постојаниот повик за рубриката „Интимно културно наследство“ (кој е истовремено и поопшт и пообемен) можете да го ѕирнете тука. Разгледајте ја „Галеријата за талкање“, можеби ќе ве потсети на некое подзаборавено место од Скопје.

За разбранување на сеќавањата, свртете ги албумите на вашите мајки и татковци, баби и дедовци!

12436214_10208150023206263_915527422_o

 

 

Skopje Wanders!
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.