Of Monsters and Men: неконтролиранa радост, но мрак на хоризонтот

Во Исланд, елфови живеаат во планините. Ги нарекуваат „huldufólk“, или „скриени луѓе“. Гитаристот Ragnar “Raggi” Þórhallsson од музичкиот состав Of Monsters and Men,  на прашање за елфовите, вели:

Елфовите се наш начин да ја заштитиме природата, бидејќи луѓето се способни да уништат прекрасни места. Затоа се вели: „Има елфови кои живеат во планинава и доколку продолжите да ја уништувате ќе бидете проколнати.“

omam-logo-imprint

Малку чудните, но, секако, целокупно слатки инди-фолкстери „Of Monsters and Men“, го започнаа свето патување како победници на Músíktilraunir во 2010 година – битка на бендовите во Рејкјавик. Но, би било сосема нормално доколку помислиме дека овие исландски музичари едноставно еден ден се појавиле од тундрите, најмногу поради нивната постојана посветеност на животните и дивината и вродената жестокост поврзана со двете.

По нивниот прв деби албум во 2012 година, „My Head Is An Animal“, бендот како да истрча низ врата и упадна во светот со своите акустични, гитарски, певливи и пријателски бајки.

И додека вториот, „Beneath The Skin“, беше создаван во рамки на иста географска доверба,  укажува како „Of Monsters And Men“ ја пронајдоа болката и убавината одвнатре.

И покрај сите мои стравови, можам јасно да видам“, пее Nanna Bryndís Hilmarsdóttir во „Crystals” и сета јасна изложеност, на Of Monsters And Men оди директно кон нас. „Оставам во срцето, зошто не сакам да останам во мракот“, пеат за скршените моменти, истакнувајќи ја желбата за имање чувство.

На повшината на овој албум, лежи раскошно ремек-дело на поп сензибилитет и раскажани приказни. Но, „Beneath The Skin“ е повеќе од име. Изгребете под блескавата површина и ќе откриете музички состав кој самиот се пронајде.

Членови:

Nanna Bryndís Hilmarsdóttir – вокал, акустична гитара, пијано

Ragnar Þórhallsson – вокал, акустична гитара, глокеншпил

Brynjar Leifsson – гитара, акустична гитара, 12-жична акустична гитара, дајре, придружен вокал

Kristján Páll Kristjánsson – бас гитара, акустична бас гитара, придружен вокал

Arnar Rósenkranz Hilmarsson – тапани, глокеншпил, хармоника, пијано, придружен вокал

Of Monsters And Men  |  албум: „Beneath The Skin“

 

Текст: Радмила Бошкова

radmildabelocrna

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.