Очи големи колку чинии

Со капи направени од гранчиња, со шалови од мов или наметки од трска, овие диви, стари пензионери, се вклопуваат во пејзажот. Чудниве и многу интригантни фотографии, се дел од фотографскиот проект наречен „Очи големи колку чинии“ на финската артистка Riitta Ikonen и норвешката фотографка Karoline Hjorth.

Со распоредување улоги на постари жители, поставени во големите природни убавини на Скандинавија, ова дуо е во потрага по евоцирање фантастични приказни и ликови од традиционалниот нордиски фолклор и митологија. Нивните модели се понекогаш соседи или пак роднини, а некогаш и странци кои ги сретнале во пензионерските центри, во клубовите за градинарство или пак во гостилниците за штрудли. Често имаат фасцинантни приказни.

На пример, Agnes: Имала 90 години кога била фотографирана и неодамна, станала првата најстара жена во Норвешка која има изведено скок со падобран. Ikonen и Hjorth едноставно биле сигурни дека е совршениот лик кој би го отелотворил силниот северен ветер – една од главните теми во нордиските народни приказни.

08_eyes_as_big_as_plates_agnes_I07_eyes_as_big_as_plates_agnes03_eyes_as_big_as_plates_marie4eyesplates104_eyes_as_big_as_plates_tuijahjorth_ikonen_eyes_as_big_as_plates_eddaeyesplates2

 

 Текст: Радмила Бошкова

novaslikichka

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.