Нордиска верзија на Хари Потер?

Британската писателка Ј. К. Роулинг, најави цела низа нови училишта кои постојат во магичниот универзум на Хари Потер. Основани се единаесет престижни волшебнички училишта низ светот, заедно со помали и поскромно регулирани институции, од кои не речиси сите се регистрирани од соодветно Министерство. Доколку сте во потрага по волшебничко училиште во ваша близина, едноставно испратете барање по був до образовната управа на МСВ (Меѓународниот Сојуз на Волшебници).

Ова е одличен тајминг за Евен Амундсен, поранешниот концептуален артист на Blizzard Entertainment, Inc. кој во изминатата година внимателно креира свое магично улилиште, поставено на нордиска територија. Се вика Волурхајм – училиште за страронордиски митови и магии. Детализирани се и ликовите кои ќе го водат училиштето и предметите кои ќе ги предаваат. Ви го претставуваме директорот:torbj

Амундсен вели: „Откако повторно ги препрочитав книгите за Хари Потер, ме стигна идејата дека е неверојатно нефер тоа што немаме училиште за магија во Скандинавија. Мислам, ако сметаат дека е во ред отварање на институции во Бразил, Јапонија, Франција, сосема е логично да имаме и едно на северот“.

sigfridsdotior

проф. Магии и Клетви

Нека не ве лаже насмевката. Прекарот и значи „брутална“ на норвешки – засташувачко предупредување за они кои би ги преминале границите со професорката по Магии и Клетви.


ragnhild

проф. Грижа и Наука за Змејови

Професорката по Грижа и Наука за змејовите е на оваа позиција во училиштето веќе 79 години. Позната е по тоа што подобро се справува со казните отколку со учениците.


mumrik

проф. Треварство

Овој весел професор по Треварство е опишан како пријател, размислувач и срамежлив талкач. Училиштето веројатно има флексибилна политика за професорите, штом му овозможува на Мумрик да талка низ земјата.


grimstav

проф. Одбрана од Мрачни Вештини

Гримстав е ветеран од Тролските Војни и сега професор по Одбрана од Мрачни Вештини – еден од неколкуте волжебници кои се спријателиле и учеле од џуџињата. Неговата блискост со џуџињата ја покажуваат и тетоважите исполнети со џуџевски руни за моќ и заштита. Не правете глупости на час кај Гримстав!


hulda

проф. Исцелителни Вештини

Хулда е хулдра – привлечно шумско суштество од скандинавскиот фолклор. Таа е една од најпознатите од својот вид која отворено живее меѓу луѓето. Професорка е по Исцелителни Вештини, но нуди и посебен час за напредни ученици: оној за Древна Крвава Магија. Постои тензија меѓу неа и Грумстав бидејќи нејзината фасцинација кон старите магии ја доближуваат до троловите и гоблините.


snauholt

Чувар на Клучеви и Светла

Што е работата со Чувариве на Клучеви и Светла и нивните мачки во магичниве училишта? Дагфин е единственото нисе во персоналот – норвешко магиско суштество кое претставува заштитник на домаќинството и разнесувач на подароци. Дагфин и неговата гигантска мачка Кнертен, го пазат училиштето и од глувци.

Судејќи по изгледот на наставниот кадар, тешко би се избуткал првиот семестар.


Текст: Радмила Бошкова

radmildabelocrna

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.