Nikulec Pop-up Store

„Добредојдовте во првата поп-ап продавница Никулец“, одекнува разгласот во училиштето за мудрости и вештини.

we'reopenЗад големите двокрилни порти на училиштето за мудрости и вештини, во зеленкастиот мрак на централниот хол, засвети првата поп-ап продавница НикулецТука можете да ги најдете нештата кои учениците, одвреме-навреме ги создаваат од она што го учат, од шемите на бои и форми на својот карактер, од движењето на Месечината, од циклусите на Земјата, како еден убав начин за изразување на нивниот свет. Со купена ракотворба, донирате за нови истражувања во училиштето Никулец

Доколку некоја од нив ви го привлече вниманието, Г-ѓа Пандора Прут е секогаш тука да ви помогне. Пишете и порака на Facebook страната на Nikulec Pop-up Store, или пак на pandora.prut@nikulec.com.

Галерија на изработки:

Беџови – shield collection

"Axe time! Sword time! Shields are splintered!"

 

Нордиска митологија | илустрации: Драш

Легендите и митовите на нордиската митологија, раскажуваат циклични приказни кои започнуваат со создавањето на космосот, завршуваат со неговиот пад, за потоа повторно да продолжат со создавање.
Приказот на Драш за неверојатните богови кои го населуваат овој свет е следниот:

 

Магнети – awesomeness collection

"Magnetism, as you recall from physics class, is a powerful force that causes certain items to be attracted to refrigerators".

 

 

Беџови – film collection

"There's something about having a badge that just makes you feel so official".

 

Nikulec Pop-up Store
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.