Музички инструменти фотографирани од внатрешноста

Велат дека убавината доаѓа од внатре, а се чини дека кога е во прашање музиката, тоа може и буквално да се протолкува – повеќето звуци во музиката се создаваат во внатрешноста на инструментите.

Вака Björn Ewers и Mona Sibai ја објаснуваат идејата за промотивните постери изработени за потребите на Берлинскиот Филхармониски Оркестар (герм. Berliner Philharmoniker).

Макро фотографиите направени од фотографите Andreas Mierswa и Markus Kluska ги претставуваат виолината, виолончелото, флејтата и оргулите од еден поинаков агол. Ѕиркајќи во нивната внатрешност, инструментите се прикажани како да се пространи одаи, исполнети со сончева светлина која продира низ пукнатините од ѕидовите. Овие фотографии за момент ќе ве натераат да поверувате дека би можеле да прошетате во внатрешнината на музичките инструменти и да ја почувствувате нивната таинствена убавина, нивната исконска мистерија.

 

Instrumente_A4_HOCH_05.12.08.indd

 

Instrumente_A4_HOCH_05.12.08.indd

 

Instrumente_A4_HOCH_05.12.08.indd

 

Instrumente_A4_HOCH_05.12.08.indd

 

Instrumente_A4_HOCH_05.12.08.indd

 

Instrumente_A4_HOCH_05.12.08.indd

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.