ЛЕГО и Војна на Ѕвездите низ фотографска приказна

По премиерата на првиот филм од серијалот „Војна на Ѕвездите“ во мај, 1977 година, беа потребни шест месеци за тој да пристигне во Финска. Финскиот илустратор и дизајнер Веса Лехтимаки имал 10 години кога за прв пат го гледал на големото платно во историскиот театар Савој во Хелсинки.

Тој вели дека двата најголеми моменти од неговото детство биле првите два оригинални филмови oд серијалот „Војна на Ѕвездите“.

Во наредни години, инспириран од носталгијата и од своите детски соништа, Лехтимаки успева да се изрази на еден разигран, но професионален начин – создавајќи замислени сцени со ЛЕГО сетот на својот син, од планета Хот во фиктивниот универзум на „Војна на Ѕвездите“, која е постојано покриена со снег и мраз.

На секоја од своите внимателно испланирани фотографии, тој ја обмислува атмосферата меѓу Галактичката Империја и Бунтовничката Алијанса. За секоја фотографија му биле потребни речиси стотици експозиции како би можел да ги комплетира, но единствениот добиен резултат евоцира ниво на реалистичност досега невидена во фотографија базирана на играчки.

Формулата на Лехтимаки, заедно со фиктивните анегдоти и случувања на планетата Хот, се задоволство за секој љубетел на универзумот на „Војна на Ѕвездите“. Ова е на некој начин наративниот уред од „Приказна на играчките“, во комбинација со интергалактичката митологија на Џорџ Лукас.

 

 

ЛЕГО и Војна на Ѕвездите низ фотографска приказна
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.