Кога големите градови ќе ги изгаснат светлата

Фотографот Thierry Cohen, роден 1963 год., професионално се занимава со фотографија од 1985, а кон крајот на 80-тите станува пионер во примената на дигиталната технологија. Неговиот проект од 2008 наречен „Бинарни Деца“ го третира прашањето на иднината на новите генерации, неминовно соочени со неверојатно брзиот развој на дигиталната технологија. Серијата фотографии го разгледува прашањето од аспект на потеклото, но и на последиците од развојот.

Патувајќи низ огромни градови и пустини, од 2010 година па наваму, Thierry Cohen се посветува на остварувањето на проектот насловен „Замрачени Градови“. Прикажувајќи ги некои од најголемите градови во светот без никакво осветлување, Cohen им ја враќа магичната глетка на ѕвезденото небо на градовите. „Сакам да допринесам во растот на колективната свест околу проблемот со осветлувањето.“ – вели фотографот, кој во моментов живее и работи во Париз.

 

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.