Каде застанавме? (Stranger Things 2)

На 27-ми октомври, Мајк, Вил, Дастин, Лукас и секако, Единаесет (Eleven), се враќаат напомош откако злобните сили на „Превртеното“ (the Upside Down) повторно се обидуваат да окупираат градот Хокинс.

Kyle Dixon, Michael Stein – Presumptuous (Stranger Things Season 2 Soundtrack)


Демогоргонот е уништен. Победата е издејствувана со телекинетичките раце на мистериозната Единаесет која навидум се жртвува како би ги спасила другарите. Но, нов паралелен терор се обидува да го пробие својот пат кон нашата реалност и да го искористи Хокинс како свој терен.

Вил Баерс е конечно дома, навидум среќен. Но, неговиот престој во „Превртеното“ го зел својот данок. Искашлува мистериозни ларви и има застрашувачки визии и сето тоа сé уште го чува во тајност. Неколку месеци подоцна, околу Ноќта на вештерките во 1984 година, продолжуваат последиците на Вил. Страда од пост-трауматски искуства и претскажувачки визии за нов, џиновски монструм, доволно голем да го пополни целиот хоризонт – масовно, безлично битие, кое сака да го конзумира градот.


postersstagnerthings2


За него е одбрано име по паралела на Dungeons & Dragons: Тесалхидра (Thessalhydra) – момците се соочуваат со монструмот во последната игра од финалето на првата сезона од Stranger Things. Тесалхидрата, во рамките на играта, е позната по положување ларви во својот плен. Ова сенишно чудовиште ќе послужи како единственото „големо зло“ во претстојната приказна, врзувајќи ги наративите на Ненси и Мајк во жалост по изгубените другари, на шерифот Хопер во обид повторно да го доведе градот во ред, како и на Џојс во романтичната врска со својот стар соученик, Боб.

Во согласност со трикот на Stranger Things за распоредување улоги на карактеристични актери од 80-тите, се појавува нов вработен во Одделот за Енергетика, со задача да ги покрие сите последици од лабораториската катастрофа; новинар навлечен на интриги кој пристигнува во Хокинс за да го истражи студениот случај; но, и нови тинјџери.

Значајно е да се забележи и дека Единаесет е жива. Доволно е да се каже дека ќе разбереме како успева да се врати назад во Хокинс од „Превртеното“ и повеќе ќе копаме низ нејзината приказна. Многумина откриваат моменти кои сугерираат на подлабока врска помеѓу неа и Демогоргонот.

Познати ни се и насловите на поглавјата:

cheptersnewback


За оние кои сé уште се прашуваат и прилепуваат надеж, Барб не се враќа.

Текст: Радмила Бошкова

radmildabelocrna

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.

Напишете коментар