Фреди Меркјури: 5 септември 1946 – 24 ноември 1991

Темпераментниот“ беше зборот кој многумина го користеа за да го опишат Фреди Меркјури. Но, секако недоволен. Фреди, кој почина од СИДА, беше еден од најкреативните, диви, рок генијалци – англиски забавувач, оперски глас, завивачки музички бог. Опремен со еден од најјуначките гласови, создаваше прекрасна, привлечна музика која, речиси, веднаш го прескокнуваше врвот.

Класичните албуми, како „A Night at the Opera“, „A Day at the Races“, „Sheer Heart Attack“, беа сосема нова комбинација на Led Zeppelin, на бесен поп, на арт-рок, забавни и вешти, онолку колку што беа апсурдни.

queen_logo_by_redwarrior3-d41absw

Во 1973-тата, Queen веднаш го повлекоа вниманието со својот ентузијазам. Од самиот почеток, Меркјури се чинеше како да разбира дека допадливоста носи своја посебна реалност и дека бомастичноста прекалена со ироничност, би можела да преставува комбинација на непобедлв шарм.

 

Неговата музика помогна при промената на рокот. Со хитот „Bohemian Rhapsody“ во 1975 година, Queen создадоа оригинален стил – оперски рок. Видео спотот на песната се издигна на првото место во Англија – прв случај кога видео спот добива значајно маркетинг влијание.

Гласините за здравјето на Меркјури започнаа да циркулираат во последниот месец од неговиот живот, но тој не ги потврди сé до денот пред неговата смрт.

Во текот на неговата кариера тој никогаш не беше отворен за својата сексуална определба, но неговото неконвенционално однесување, даде утеха насекаде на децата кои растеле различно. Тој е пример за моќта на стилот, за опстојувањто на блесокот. Освои музичка духовност која никогаш нема да згасне.

Видео: Queen - Under Pressure HD Live At Wembley 86
Текст: Радмила Бошкова

radmilda

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.