Филм кој ги оживува делата на Ван Гог

„Loving Vincent“ би требало биде првиот долгометражен анимиран филм, направен целосно од рачно насликани платна, од страна на оскаровското студио Break Thru Films. Она што е навистина иновативно во врска со овој филм, е фактот што секој кадар во него, всушност е масло на платно насликано од Van Gogh. Идеата е филмот да биде направен,  користејќи ја истата техника на сликање која ја користел и единствениот Vincent. Уникатноста на овој визуелен проект станува уште поголема, благодарение на интригантната, трагична и инспиративна приказна на уметникот.

„Loving Vincent“, претставува трилер, своевидна истрага и темелно истражување за животот и контроверзната  смрт на холандскиот уметник , прераскажана преку неговите слики, односно ликовите кои живеат во нив. Заплетот се развива, преку интервјуа со неговите најблиски личности, овековечени од него, и преку драматрични реконструкции на настаните што довеле до неговата смрт. Филмот се состои од преку 120 негови најголеми дела, а заплетот е составен од 800 писма напишани од страна на уметникот, кој не води до значајни личности и настани од неговото време. Четириесет уметници, ќе насликаат 56.800 кадри рачно, завршувајќи го филмот во период од две години, со негова премиера закажана за 2015 година, на 125-годишнината од смртта на Van Gogh.

Vincent Van Gogh често се наведува како татко на модерната уметност, а неговото дело Starry Night се смета за најпозната слика на сите времиња, се разбира после Mona Liza.  Исто така, познат е по неговата ментална болест, и отсекувањето на левото уво, но и по фактот дека во својот краток живот, има продадено само една слика. Она што пошироката јавност малку го знае за него, е дека почнал да се дружи со четката за сликање само осум години пред трагичната смрт, откако променил неколку кариери, од дилер на уметнички дела, до проповедник.

 

anim-1

anim-3

vincent

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.