CHURCH STAGE – музички храм за нов магичен концертен амбиент на Д ФЕСТИВАЛ

Во импозантната листа на музички учесници кои ќе ги претстават своите настапи на Д ФЕСТИВАЛ веќе се запишаа повеќе од 50 светски, регионални и домашни артисти, а истата секојдневно се проширува. Музичката програма на Д ФЕСТИВАЛ годинава од 15 до 17 јули во Дојран, ќе се одвива на пет бини, а фестивалот ја открива и последната, нова концертна локација во оваа низа – CHURCH STAGE! Оваа бина на фестивалот е позиционирана во црквата „Св. Илија“ во Стар Дојран, на падините над фестивалскиот камп. Катедралниот храм денес е во фаза на целосна реконструкција, а точно 100 години од неговото разрушување и во рамки на музичкиот маратон Д ФЕСТИВАЛ го оплеменуваме со префинетиот звук на музичките уметници кои ја одбележуваат современата култура на Македонија со својот единствен музички пристап.

web-mk3

Првиот фестивалски ден (петок, 15 јули) е резервиран за настапот на ЕЛЕНА ХРИСТОВА – пејачката на етно-составот Баклава кој остава маркантна трага со својот уникатен фундаментален пристап кон изворната музика и песна. Во оваа пригода свилениот вокал на Елена Христова ќе го надополни и виртуозот на канон, Ибрахим Џенгис.

За магичниот музички амбиент во храмот во сабота (16 јули) задолжена е групата ЉУБОЈНА која ќе ни го претстави проектот АКУСТИЧНО ГЛАГОЛИЦАЊЕ или ЉУБОЈНА НА ТАЦНА. Музиката на Љубојна е длабоко инспирирана од Македонскиот бит и често пати интерпретирана низ многуте призми кој што бендот ги гради како куполи и остава силен печат во времето во коешто живееме. Годинава Љубојна слави 15 години од своето постоење, и од кога за прв пат ги вкрстија мечевите на сцена, на сега веќе препознатливиот вокален израз, пејачката Вера Милошевска, и музичките лавиринтски решенија на Оливер Јосифовски. За таа прилика ќе имаме чест да ни сервираат еден дел од нивните мали тајни рецепти, свежо спремени во музичката кујна на Љубојна, на невообичаен начин. Ним, на 16 јули ќе им се придружи и поетско-музичкиот перформанс на триото ИГЛА И КОНЕЦ во кое учествуваат: Тихомир Јанчовски, Добрила Грашеска и Зоран Тортевски. „Игла и конец“ е насловот на последната книга на Тихомир Јанчовски, и под исто име ова трио беше дел и од промоциите во повеќе градови низ Македонија.

Последниот ден на Д ФЕСТИВАЛ, во недела (17 јули) CHURCH STAGE ќе претстави несекојдневно музичко уживање со концертот на ГОЦЕ СТЕВКОВСКИ ТРИО. Гоце Стевковски кој на пошироката јавност и е познат по неговите ангажмани како тапанар во повеќе високо етаблирани групи како Архангел, Леб и сол, Бодан Арсовски Езгија Бенд, Проект Жлуст, ДНО, последниве години својот музички интерес го насочува кон џез музиката, учествувајќи во бројни проекти и соработувајќи со скоро сите значајни имиња на македонската и балканската џез сцена. Триото на познатиот македонски џез тапанар и композитор, во кое покрај него членуваат Кирил Кузманов на саксофон и Кирил Туфекчиевски на контрабас, ќе се погрижи за задоволството на посетителите на Д Фестивал кои сакаат да уживаат во џез музиката. Музичката програма на оваа бина на Д ФЕСТИВАЛ ја заокружуваме со настапот на ВОЛТЕР МАНИ АЛ ХАКИМ, еден од најбараните арт терористи на денешницата, основач на Г-да Тенекиеви, Лост Дегенерос и озлогласениот проект: Цревни Муви. Волтер е најпознатиот – непознат уметник, актер и музичар од овие простори.  Со музика се занимава повеќе од четвртина столетие. Зад себе има две самостојни изданија: Света Вода и Брсјачки Сказни, а учествувал во саундтракот за филмот Маклабас, како и во авангардниот ансамбл Свирачиња.

За само неколку дена почнува шестото издание на единствениот open-air музички фестивал кај нас, тридневниот Д ФЕСТИВАЛ во Дојран. Покрај CHURCH STAGE, комплетирана е и програмата за LAKE AWAKE бината посветена на електронската музика, а завршницата на оваа бина годинава ќе биде одбележана со диџеите на КАНАЛ 103. Фреквенцијата која 25 години е постојан извор на префинети музички вкусови, ја презема Lake Awake бината во недела, 17 јули! Точно ‪#25ГодиниКанал103 е славење на духот, креативноста и љубовта во најчиста форма, кое што на затворањето на Д Фестивал 2016 ќе ни го претстават: МИРКО ПОПОВ, ИЛИНА АНГЕЛ, ШУРБЕ, ВИОЛЕТА КАЧАКОВА, АЛЕКСАНДАР ГАВРОВСКИ и МАРСО!

103T

Покрај овие артисти, своите настапи на Д ФЕСТИВАЛ веќе ги потврдија: SIGMA, ROGER SANCHEZ, GOLDIE, TOY DOLLS, DUB PISTOLS, BERNAYS PROPAGANDA, ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ, ХЛАДНО ПИВО, ОБОЈЕНИ ПРОГРАМ, LOLLOBRIGIDA, ФОЛТИН, SETHSTAT & МИРКО ПОПОВ, CONQUERING LION и HYPNOTIZED на главната бина, THE PROJECT ORPHEUS, THE RED STEP, ФОНИЈА, ПАРКЕТИ, MILLKO, LEPI XHONI, THE GOVERNMENT, САМОСТАЛНИ РЕФЕРЕНТИ, ПАЛИНДРОМ, KËPURDHAT, LEITMOTIF, MARKO GREYHOUND, ANNA O, METANOIA и КЛЕТОТО ТРОЈСТВО на Mosquito Stage, MKDSL, ANDREAS HZ, MARTCHIN, MITRIK, LTX, MAGGIE, SAMARDZISKI. D.LITE, ДАРКО СТЕПИЌ, HYPERTECH, OGIE, PUKKA, HANSSHC и TECKTONE на LakeAwake Stage.

CHURCH STAGE – музички храм за нов магичен концертен амбиент на Д ФЕСТИВАЛ
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.