Неверојатна, прецизна, Лего преработка на легендарната бркотница на Браќата Блуз

Кога станува збор за old-school филмски сцени со бркотници со автомобили, само неколку ги исполнуваат условите на деструктивност на класичен трговски центар како Браќата Блуз. Исто така, само неколку класични играчки би можеле да го поминат тестот на издржливост како играчките Лего.

Тоа е една од причините поради која оваа дело на автралијанскиот аниматор Данкан МекКончи, е извонредно. Видеото во прилог е до секунда точно синхронизирано со оригниалниот филм, вклучувајќи ги и истите откачени разговори на Џон Белуши и Ден Акројд.

Данкан, посветил многу време за сé да биде прецизно и точно во ова видео – почнувајќи од излозите на продавниците во трговскиот, до кршењето на стаклата (за што признава дека не бил негов омилен дел од процесот). Во одредени случаи, посветувал повеќе од 15 минути при снимање на еден кадар за видео записот.

Погледнете го видео записот на оригиналната филмска сцена напоредно со преработката на Данкан и откријте ги разликите….доколку постојат.

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.