Бјорк: „Во Исланд не одиме во црква – одиме на прошетка“.

Согласно меѓународниот статус на ѕвезда, во животот на Бјорк би требало да очекуваме голема придружба, фанфари, куќни помошници. Но, таа вели:

Не, навистина не сме такви во Исланд. Тоа е место каде доколку појдете во геотермалните бањи, би можеле да го начекате премиерот, гол под туш. Не постои хиерархија. Во секое семејство може да постои по еден поет и еден ѕидар и еден скулптор и на крајот, сé да се спои во едно нешто.

Нејзиниот роден Исланд, е биофилиски рај. Речиси насекаде би забележале како водопади и се нафрлаат на земјата или како ги следат браздите на полињата лава. Исландскиот историчар Гудмундур Халфданарсон сугерира дека природниот свет е толку испреплетен со психата на сограѓаните, што „природата би можела слободно да го замени јазикот, како симбол на исландство“.

Bjork-in-Iceland-014

bjorkime

Како едноставен и прекрасен метод за разбистрување на главата и постигнување чувство на значење, Бјорк вели дека го заменува одењето в црква, за едноставна прошетка низ исландската тундра.

Пораснав во предградијата на Рејкјавик. Живеевме во претпоследната зграда од блокот, од каде продолжуваше тундрата и мовот. Често пешачев и пеев најгласно што можев. Мислам дека многу Исланѓани го прават истото. Не одат во црква или на психијатар – одат на прошетка и се чувствуваат многу подобро. Исланд е полн со огромени пусти места кои привлекуваат мир и инспирација и каде живеат малку луѓе. Kако тинејџер, патував автостоп, кампував и поминував неколку дена од годината сама. Со првите пари кои ги добив на 13 години, си купив шатор. Тоа беше мојот идеал за слобода и не верувам дека сум единствена со вавков идеал. Постои духовност која потекнува од овие пејзажи…

Видео: Вjörk - black lake
(„Црно Езеро“ - видео запис сниман на локации во Исланд; режија: Ендру Томас Хуанг)
Текст: Радмила Бошкова

radmildabelocrna

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.