Björk | Notget – поместување на границата на чудното

Позната по создавање на единствени аудио-визуелни искуства, Бјорк го издаде новото видео за „Notget. Се разбира, виртуелната реалност и уникатноста се присутни.

bjorkime

Визуелно, нејзиниот најнов албум „Vulnicura, е експерименти со најсовремена технологија – креации што можеби посоодветно би се гледале во уметничка галерија, одколку на вашиот лаптоп или телефон за време на пауза и опуштање. Од видеа снимени во 360 степени, до оние кои најдобро се доживуваат на посебен хедсет за виртуелна реалност, а да не ги заборавиме видеата кои се наменети за гледање на два екрани, истовремено. Со најновиот видео запис, таа се враќа на своите стандардните основи, што би значело следново: надреален, трипи, модерен, сон – креација која единствено може да потекне од умот и музиката на Бјорк.

Соработката и овој пат е со фотографското и филмско дуо Warren du Preez и Nick Thornton Jones, а премиера видеото доживеа на исландскиот фестивал Airwaves.

Со „Notget“ уште еднаш се докажа дека поместување на границата на чудното и авангардното во музиката, сé уште и останува на исландската кралица Бјорк.


Текст: Марија Јовановска

marulka

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.