„Бернајс пропаганда“ – непокорливи музички генијалци

Викендов, во Младинскиот културен центар во Скопје, со три последователни коцерти, непокорливите музички генијалци „Бернајс пропаганда“ ја започнаа својата европска турнеја на која го промовираа својот четврт студиски албум насловен „Политика“.

Концептуалниот театарски и музички перформанс со мултимедијални проекции, уште повеќе го зацврти ставот и препознатливата нишка на револт и борба на „Бернајс пропаганда“.

 

Камера: Кочо Сотировски

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.