ArtArea – Културна артерија на градот

Фестивалот ArtArea е време-место на поврзување на различните уметности: книжевност, филм, театар, музика, поетски перформанс, архитектура, фотографија, анимација, ракотворство… Вљубениците во еден или неколку од овие изразни медиуми ќе откријат непознати убавини другаде, каде што не ги побарале. Во текот на трите фестивалски дена ќе бидат претставени внимателно одбрани плодови на десетици културотворци.

22–24 декември во Кино Култура

Организатор на настанот е Бегемот, а главен партнер е Кино Култура. Во фестивалот учествуваат: Бегемот, Или-или, Темплум, Готен, Антолог, Слово, Табахон, Три, Блесок, Метаноја, Галикул, ПНВ публикации, Pocket Gallery, Cro chez Natalie, Meraki, Pleiades, Никулец, Верица Славковска, Зоран Шекеров, Маја Плачковска, Летечки пекинезери Дуо, Бојан Чакра, Архи.тек, МакеДокс, ВИС Тркалезна маса, Горјан Аревски.

Партнери:

Амбасада на Република Полска во Македонија, МакеДокс

Спонзор:

Печатница Наумовски

Медиумски покровители:

Мкд.мк, Утринска на Телма, Нова Македонија, Okno.mk, Pirej.mk, Time.mk, BookBox на off.net.mk, Портрет


Влезот на сите настани е бесплатен.

artartea1


artartea2


artartea3


artartea4


ArtArea - Културна артерија на градот

 

 

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.