Електро култура во живо на Канал 103
Недела, 24 ноември, 22 часот
 

Во најновото продолжение на радио серијалот Ако никој не свири, оваа недела во глувата соба на Канал 103, ќе се случи премиерното концертно претставување на култниот музички проект Електро култура.

Електро култура е соло проект зад кој стои Владимир Муратовски Диво – панкер, социјален поет од скопскиот асфалт и неуморен хроничар на македонската андергрануд сцена речиси три децении. Во средината на 90тите, со помош на неговиот пријател Зоки Агресор, во домашни услови го снима албумот „Мировна порака“ кој светлината на денот ќе ја здогледа дури десетина години подоцна. Уште една деценија подоцна, конечно ќе се случи и неговиот прв соло концерт. Владимир Муратовски (клавијатури, вокал), освен материјалот кој се наоѓа на „Мировна порака“, ќе отсвири и неколку нови песни. За некои нешта, вреди да се чека.

Онјалн стриминг на Канал 103.

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.