Еднаш, многу одамна…

16-ти Ноември, 2010 година…

Беше одличен ден за населување на животински видови.

Тогаш-во-цутот-на-своето-формирање ОКС, собраа неколку големи ушести бувови, по некоја утка, два три глодари, пајче и кокошка и тргнаа стратешки да ги сместат во Градскиот Парк. Секое од нив одбра каде ќе си живее – единствената задача на ОКС беше да не се помешаат, па некој од грабливците да го постават на листопадно дрво, кога конкретно било побарано зимзелено.

Но, како што завшуваат бројни приказни, така и во оваа се појави шумарот и стави крај на целта со предупредување дека кралот на Градскиот Парк ќе се лути.

На оваа иницијатива се сеќаваме бидејќи во светов, каде ни е изгубено сé што е некскротливо и слободно, да ги оставиме прекрасните суштества да постојат каде што мораат.

Текст: Радмила Бошкова

radmildabelocrna

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.

Напишете коментар