2CELLOS во Скопје: (фото галерија)

Вчерашниот настап на 2CELLOS, како дел од офф-програмата на 17-тото издание на Таксират, беше и првото гостување во Скопје на Хрватите кои го освоија светот.

Настап: романтичен и возбудлив, со шармантна хемија и посебен хумор.

Се додека не започна да се случува, можеби никој не помисли дека Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер се рок ѕвезди. Иако ова веројатно звучи како претерана изјава, сепак е вистинита. Она што умеат да го изведат на своите виолончела, не сме знаеле ни дека е можно.

Шоуто минуваше низ класиките, преку U2 и Coldplay, Michael Jackson, до АC/DC. Двете виолончела беа бас, електрична гитара, ритам, ударни инструменти, вокали.

Галерија:
Фотографии: Радмила Бошкова

radmilda

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.