20 Неверојатни места кои ја одбележаа 2014 година – ДЕЛ 2

Мумтаз Бегум Карачи, Пакистан

Повеќе од 40 години, како дел од пакистанската зоолошка градина, Мумтаз Бегум приредува вистински богатства од нејзиниот кафез. Половина-лисица, половина-жена, е всушност перформанс на изведувач, кој ја наследил оваа улога од својот татко, како еден вид мошне љубопитна семејна традиција. Своевремено станува заштитен знак на оваа зоолошка. Помалку бизарно, зар не?

40dd59481501208dbc_Karachi-Zoo-v14

Супер-компјутерски центарБарселона, Шпанија

Како може најпаметно да се искористи еден огромен простор, кој претходно бил духовен, верски центар? Од 2005 година, па се до денес, црква од XIX век во Барселона е седиште на најмоќните супер-компјутери во Европа.

503f7a1d5ed5ffa100_02-modif

Кула на Сонцето – Суита, Јапонија 

Јапонската кула на Сонцето, симболот на Експо 70, е отворена за прв пат од почетокот на светскиот саем. Посетителите можат уште еднаш да ја видат внатрешноста на оваа 223 метарска, психоделична архитектонска градба, дело на архитектот Таро Окамото.

7eaf4c8a36b3b5f495_5498283955_f01bffb772_b

Змијата на Океанот – Сен-Бревин-ле-Пин, Франција

Во 2012 година, уметникот Хуанг Јонг Пинг претстави скелетната морска змија во близина на брегот на Франција. Змијата на океанот се протега во должина од 400 метри, чија конструкција е од сребро, а е карактеристична по тоа што нејзината видливост зависи од нивото на водата, односно – од плимата и осеката.

19b9cf2617e20d7fc9_St-Brevin-serpent1

Електроцентралата KELENFÖLD – Будимпешта, Унгарија

Електроцентралата KELENFÖLD во Будимпешта, некогаш го осветлувала градот и претставувала обележје. Денес, нејзината арт деко архитектура само во ретки прилики е посетена од туристи – најмногу поради импресивниот стаклен таван кој вообичаено не е карактеристичен за ваков тип на стари машини.

07e4014fcb58e55752_bb1cfca4723824b80b_14737359841_f0f98ff051_k

 

 Кралскиот бунар за мраз – Лондон, Англија

Во викторијанска Британија, мразот бил ретка стока. Оособено, доколку се служел во коцки во пилајаци, претставувал сведоштво за богатство и разлика. Овој подземен бунар е направен од италијанскиот имигрант Карло Гати. Откриен за јавноста бил во XIX век, веднаш под лондонската станица (London’s King’s Cross Station).

 

ifififi

Саркофазите на КарахијаЛуиа, Перу

Саркофазите на Карахија претставуваат гигантски мумии кои датираат од XV век. Благодарение на нивната одалеченост од главниот град Перу, го имаат зачувано својот автентичен изглед.

Karajia4

 Геамана – Геамана, Романија

Станува збор за село во Романија кое активно живеело се до 1978-та година. Потоа бакарот бил пронајден во големи количини во тој регион и како резултат на тоа селото било претворено во вистинска депонија. Некогашните градби станале рушевини, а езерото е сеуште црна, токсична точка за регионот.

0679dae86d8106425a_8663672412_dfeb2b4450_k

 Танах Лот Табанан, Индонезија

Ова е хинду храм е сместен на врвот на карпа во Балиското Море, за кој се вели дека е заштитен од морски змии. Легендата вели дека постои една гиганстска змија, заштитник на храмот, која создавала големи бранови кога допливувала во негова близина.

a937997ebba5ec3a29_4722105665_460ac4c018_b

 Новиот град, Киламбра – Англола

Не сите напуштени градови се стари. Многу од нив се изградени во овој век. Новиот Cidade de Kilamba е финансиран со парите од нафтата. Изградени се 700 станбени згради во 2000-та година, но домувањето лошо се вклопува во регионот. Овој град повеќе изгледа на опседнат простор, отколку на место каде би требало да се живее.

bfffac632b7b556641_1200px-Kilamba_Kiaxi_-_May_2011_(3)

 

 

 

 

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.